Осогово ги „запали моторите“, договори четири контролни средби

Екипата на Осогово ги „запали моторите“ и го одработи првиот тренинг од зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Исток. 

Шефот на стручниот штаб Трајче Сенев, на Градскиот стадион „Никола Мантов“ им ги подели првите совети на своите избраници и им ја претстави програмата со која ќе работат во периодот кој следува. Големо засилување за вториот дел од сезоната е доведувањето на Истатов од Беласица.

Во пресрет на продолжението од сезона Осогово ќе одигра четири контролни средби. Прв противник ќе му биде Брегалница (30 јануари), а потоа следат дуелите со Кит-го (6 февруари), Тиквеш (13 февруари) и Брегалница Делчево (20 февруари).