Осогово ги отвори пријателските мечеви со победа

Екипата на Осогово по активно тренирање почна да игра и пријателски средби, а на првиот тест-натпревар го совлада Кожуф со 1-0 (1-0).

Тимот од Кочани пред домашната публика беше подобар од тимот од Гевгелија, а единствениот погодок на мечот го постигна новото засилување Владимир Жоглев кој стрелаше во 39. минута од средбата.

Следен контролен меч за ГФК Осогово е гостувањето во Прилеп и мечот против прволигашот Победа кој се игра в среда.