Осогово експресно се врати во второлигашката конкуренција

Кочански Осогово е нов учесник во Втората лига-Исток, откако во Свети Николе остана непоразен и ја има потребната бодовна разлика да е сигурен на врвот.

Во рамки на 24. коло од Третата лига-Исток, Осогово одигра 1-1 на гостувањето кај Овче Поле. Бодовната разлика на Осогово сега е доволна, за да го задржи првото место до самиот финиш.

Кочанскиот клув минатата сезона настапуваше во второлигашкото друштво, но испадна и покрај одличните периоди и во есенскиот и во пролетниот дел.

Покрај Осогово, во Втората лига од наредната сезона ќе играат Дојранско Езеро и Охрид.