ВИДЕО: Осогово е пример за сите, со висок стандард претстави дрес!

Екипата на Осогово опстана во Втората македонска фудбалска лига благодарение на прекинот во сезоната поради коронавирусот, откако беше претпоследен во источниот дел. 

Денес овој клуб ја направи клупската фотосесија, промовирајќи го новиот дрес, а истата изгледа навистина моќно. Долго време Осогово се истакнува со објавите и сопстената промоција по социјалните мрежи, а истото го направи и денес со пораката: „Спиеш ли мирно ВМФЛ исток“. 

  • Видео зад сцената на фотосесијата:

Засега не е познато кога ќе започне новата сезона во ВМФЛ, а клубовите од лигата веќе се подготвуваат и тренираат за истата.