Основачот на Спотифај понуди 1,8 милијарди фунти за купување на Арсенал

На повидок е нова промена на сопствеништвото на клуб од Премиер лигата, Имено, основачот на Спотифај, Даниел Ек ќе достави понуда од 1,8 милијарди фунти, за купување на Арсенал од семејството Кронке.

Ек добил поддршка од навивачите и неколкумина легендарни фудбалери на Арсенал, како Тиери Анри, Патрик Виера и Денис Беркамп.

„Даниел ме контактираше, ми кажа дека сака да го врати Арсенал на победничките патеки, дека сака да види пак исчезнатиот ДНК на клубот.

Тој ги известил и навивачите за своите намери. Даниел нема да се откаже од намерата да го купи клубот“, рече Тиери Анри за британските медиуми.

Арсенал минатата сезона го освои ФА Купот, но одамна не е компетитивен во борбата за Премиер лигата и Лигата на шампионите.