• Мартин Танасковски

Екипата на Шкендија го продолжи чекорот со водечките екипи во мак-фудбалот, со гостинска победа кај Македонија ЃП (1-3). Тренерот Ќатип Османи беше задоволен од изданието на екипата и кажа дека ваква Шкендија сака да гледа и во натпреварите кои следат.
„Видов една Шкендија каква што сакам да гледам. Агресивна, тркачка, тим кој креира шанси и кој контролира игра 90 минути. Се надевам дека вака ќе играме и во иднина. Второто полувреме треба да ни биде модел како да играме. Среќен сум на начинот на кој победивме, жалам што есенската полусезона завршува, а ние играме вака. Се надевам дека напролет ќе бидеме подобри“, изјави Османи.
Шкендија се наоѓа на третото место во ПМФЛ, со осум бода помалку од лидерот Струга. Меѓу нив е Шкупи.