Османи: Уживав во играта на Шкупи во второто полувреме

Шкупи забележа очекувана победа над Борец на домашен терен (2-0), а стратегот Ќатип Османи го пофали тимот за играта и за изданието. Чаирчани освоија посакувани три бода против екипата која нема ниедна гостинска победа.

„Важно беше да го почнеме пролетниот дел со победа. Тешко ни беше во првото полувреме, во кое иако не игравме добро, не ризикувавме премногу. Во вториот дел Шкупи доминираше во сите сегменти на играта и заслужено победи. Уживам во податокот дека во вториот дел сите покажаа карактер и борба каква што сакам да гледам на секој натпревар“, изјави Османи.

Следниот меч Шкупи го игра како гостин, против Работнички кој на стартот на пролетта победи кај Струга Трим Љум

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15