Османи: Само чудо може да ни ја одземе титулата во Македонија

Екипата на Шкендија непоразена си заминува од Скопје по дербито со Вардар (0-0), а тренерот Ќатип Османи е свесен дека тетовчани веќе со едната рака ја држат титулата во шампионатот. 

По дербито во Скопје, предводникот на тетовчани истакна дека Шкендија си ја остварила целта, со тоа што останала непоразена на теренот на Вардар.

„Ние дојдовме да не загубиме и ја остваривме целта. Во првиот дел имавме игра, направивме шанси, а во вториот дел несвесно се повлековме, меѓутоа издржавме и затоа сме задоволни и од еден бод. Размислуваме за Европа и идната сезона, веќе направивме план, а тоа е да донесеме најмалку двајца квалитетни играчи. Сега треба да се случи чудо за да ја изгубиме ова титула, посебно зашто од осум меча до крајот ние пет ги играме дома. Во голема предност сме и едноставно не смееме да ја изгубиме оваа титула“, изјави Османи.

Шкендија има 12 поени предност во однос на Вардар, на осум кола до крајот. Во наредната рунда првакот игра со Македонија ЃП на домашен терен.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 36 24 7 5 80:29 51 79
2 ВардарВардар 36 17 13 6 45:23 22 64
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 36 17 7 12 45:35 10 58
4 ШкупиШкупи 1 36 13 9 14 40:42 -2 48
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 36 12 11 13 45:50 -5 47
6 РеноваРенова 1 36 12 11 13 53:49 4 47
7 РаботничкиРаботнички 3 36 13 7 16 43:49 -6 46
8 СилексСилекс 36 11 11 14 27:39 -12 44
9 БеласицаБеласица 36 9 11 16 37:49 -12 38
10 ПобедаПобеда 36 6 5 25 26:76 -50 23