Османи: Разговаравме за психолошкиот аспект, само со максимум се елиминира Пјуник

За да го повтори ланскиот успех, најдобрата македонска екипа, Струга Трим Љум, мора да го елиминирса ерменски Пјуник во второто коло на Конференциската лига. Момците на Ќатип Османи од пред два дена се во главниот град на Ерменија и коваат тактика како да го надмудрат најдобриот ерменски клуб.

Стефан Спировски и Кире Ристевски ќе настапат против својот поранешен клуб, а неколку пати играле и со македонската репрезенатација на националниот стадион во Ереван. Тренерот Османи верува дека екипата нема да калкулира по победата од 2-1 во Охрид минатата недела.

„Треба мирно да пристапиме на возвратниот натпревар. Иако имаме мало водство, тоа не е резултат кој ни гарантира пласман во следната рунда. Затоа деновиве работевме и разговаравме и за психолошкиот аспект. Треба дадеме максимум за пласман во следната круг.

Што се однесува до стартниот тим - имам дилема. Поради повреда еден фудбалер е неизвесен. Вечерва треба да одлучам“, рече Османи.

Победникот двомечот Струга Трим Љум - Пјуник, во третото квалификациско коло во Конференциската лига ќе се сретне со победникот од дуелот Диферданж – Ордабаси.