Османи: Ја загубивме самодовербата, грешките во реализацијата ни се повторуваат

Екипата на Шкендија со пораз ја стартуваше новата сезона на Првата македонска фудбалска лига, откако на гости кај Академија Паднев загуби со минимални 0-1. 

По мечот во Струмица, тренерот Ќатип Османи видно незадоволен истакна дека грешките од натпреварите во Европа не се поправија и тимот ја загуби самодовербата. 

„Очигледно грешките не ги поправивме, односно ни се повторуваат, особено во реализацијата. Промашувавме и во Европа, и на контролните средби, па ете промашувавме ина стартот на шампионатот. Пробав со неколку измени да го променам тоа, но не успеавме. Треба да признаеме дека самодовербата ни е загубена, и мораме да работиме на тоа. Кога не играш на ниво, а Шкендија не играше, поразот секогаш е неминовен“, рече Османи. 

Тетовчани, шанса за поправен ќе имаат следниот викенд кога повторно како гости ќе се надигруваат со Силекс. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 1 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 2 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 2 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
9 РаботничкиРаботнички 1 6 2 0 4 5:9 -4 6
10 БорецБорец 3 6 1 1 4 2:10 -8 4