Османи: Го добивме најтешкиот можен противник, но нема да се предадеме предвреме

Денес во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион, Швајцарија беше извршена ждрепката за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион Струга Трим Љум втора сезона по ред ќе биде дел од квалификациите за елитата, а за прв ривал го доби тимот на Слован Баратислава од Словачка.

По ждрепката новиот тренер Ќатип Османи истакна дека Слован Братислава е најтешкиот противник од петте можни кои ги имаше Струга во скратената група 1.

„Ждрепката е прашање на среќа. Сепак, иако е посилен противник од останатите, со кои можевме да играме, мора максимално да се подготвиме за овие два натпревари, бидејќи самото име, но и неодамнешните резултати на Слован покажуваат дека се работи за тим на високо ниво. Но, ние не се предаваме пред време и секако дека ќе дадеме сè од себе да ја поминеме оваа рунда.

Во денешниот модерен фудбал можам да кажам дека домашниот терен не игра голема улога. Не е како порано реваншот на домашен терен да носи одредена предност. Значи мораме да влеземе со многу позитивна енергија и самодоверба уште на првиот дуел, за да се вратиме од првиот меч во Братислава со позитивен резултат“, рече Османи.

Првиот натпревар се игра во Словачка на деветти или десетти јули, додека реваншот во Македонија е една седмица подоцна

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони