Османи: Ги анализиравме грешките, дожеме да ја достигнеме разликата од два гола

Минатата година Струга Трим Љум беше на десет минути до пласман во второто коло од квалификациите на Лигата на шампионите, но прими два гола во завршницата од Жалгирис и наместо во истото натпреварување, беше префрлен во Лига Европа.

Сега на стружани им требаат два гола за да го надополнат поразот од 4-2 од дуелот во Словачка. Тренерот Ќатип Османи верува во овој подвиг.

„Во текот на неделата ги анализиравме нашите грешки на првиот натпревар против Слован Братислава. Работиме да не се повтори истото на денешниот натпревар. Нашиот заклучок како стручен штаб беше дека имавме периоди каде што бевме доминантни, но имаше и периоди каде што не бевме на вистинското ниво, особено на крајот од натпреварот кога се кршеше резултатот“.

Разговаравме и со играчите и во нивната посветеност видов позитивна енергија. И покрај двата гола минус што ги имаме, веруваме Словаците дека не се несовладливи. Мислам дека може да ја достигнеме разликата од два гола. Сите во клубот се оптимисти, па очекувам да го дадеме максимумот и да го постигнеме тој посакуван позитивен резултат. Кога велам позитивен резултат мислам на резултатот што би ни овозможил да ја поминеме оваа рунда“, речен тренерот Ќатип Османи.

Голем проблем за фудбалерите на двете екипи ќе биде топлото време и температурата околу 35 степени во Охрид