Османи: Целиме да го победиме Вардар и покрај згуснатиот распоред

Екипата на Шкендија по европските настапи се фокусира на првиот меч од домашното првенство, каде за ривал ќе го има вицепрвакот Вардар. Дербито во Тетово ќе се игра еден ден порано од предвиденото, а Ќатип Османи посакува триумф и успешен старт на сезоната.

„Првите натпревари во првенството се секогаш тешки. Овој пат имаме дерби со ривалот Вардар. Секако, Шкендија ќе игра на победа и покрај згуснатиот распоред, кој го имаме поради настапите во Европа. Во исчекување сме на дуелот и мислам дека подготвени ќе влеземе во дербито во Тетово. Сакаме првенството да го почнеме со победа“, вели Османи.

Шкендија во ланската сезона заврши доминантно пред Вардар, со предност од дури 35 бода во однос на најтрофејниот клуб. Дербито во градот под Шара се игра в сабота, на „Градскиот стадион“ со почеток од 17:00 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 7 2 1 14:6 8 23
2 ШкендијаШкендија 10 5 4 1 20:11 9 19
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 10 5 1 4 12:10 2 16
4 РаботничкиРаботнички 2 10 4 2 4 14:18 -4 14
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 2 10 3 4 3 9:7 2 13
6 БеласицаБеласица 2 10 3 4 3 9:11 -2 13
7 РеноваРенова 3 10 3 2 5 11:13 -2 11
8 ПобедаПобеда 3 10 3 2 5 7:10 -3 11
9 ШкупиШкупи 1 10 2 3 5 8:11 -3 9
10 СилексСилекс 1 10 1 4 5 6:13 -7 7