Османи: Битолската публика нè награди со аплауз за убавата игра

Лидерот во ПМФЛ, Шкендија, вчера одигра перфектен натпревар и среде Битола го декласира Пелистер, противникот во финалето од Купот на Македонија.

Ќатип Османи, тренерот на „црвено-црните“, по мечот изјави дека е презадоволен од изданието на своите фудбалери, кои ги собраа аплаузите дури и од битолската публика под „Тумбе Кафе“.

„Ова беше убав натпревар за нас, доминантна претстава која резултираше со шест гола. Секако секоја победа е добредојдена, но радува начинот на кој што одигравме во Битола. Постигнавме шест гола по убави акции, нешто што се обидуваме да го правиме на секој меч. Кога некоја екипа игра толку добро, публиката не може, а да не ја награди со аплауз за изданието. Мило ми е што головите почнаа да ги постигнуваат различни фудбалери, а не само оние од кои сме навикнати да го прават тоа“, вели стратегот на тетовчани.

Шкендија е убедливо прва на табелата со 20 бода предност пред Вардар и само прашање на време е кога ќе ја обезбеди својата втора прволигашка титула во историјата.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 18 12 4 2 42:14 28 40
2 ВардарВардар 18 10 5 3 22:10 12 35
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 18 9 3 6 20:14 6 30
4 РаботничкиРаботнички 18 8 2 8 26:28 -2 26
5 ШкупиШкупи 1 18 6 5 7 16:19 -3 23
6 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 18 5 6 7 22:26 -4 21
7 РеноваРенова 2 18 5 6 7 19:24 -5 21
8 СилексСилекс 2 18 4 6 8 12:23 -11 18
9 ПобедаПобеда 1 18 5 2 11 14:24 -10 17
10 БеласицаБеласица 1 18 4 5 9 15:26 -11 17