ВИДЕО: Осма победа во низа за Севиља, Карлос и Де Јонг ја решија Осасуна

Фудбалерите на Севиља успешно минаа уште една пречка во Примера, откако во единствениот денешен натпревар од 24. коло на шпанскиот шампионат со сигурни 0-2 (0-1) извојуваа голема победа над Осасуна и ја продолжија фантастичната серија победи, која сега достигна осум натпревари. 

  • Извештај од натпреварот: 

Момците на Лопетеги, иако без неколку првотимци, на „Ел Садар“ истрчаа доста мотивирано и со една единствена цел – сигурна победа и симнување на Барселона од третата позиција на табелата во Примера. Тоа и им успеа, откако со по еден гол во двете полувремиња му нанесоа нов пораз на домаќинот, а најзаслужни за тоа беа Диего Карлос и Де Јонг.

Резултатот беше отворен во 19. минута, кога по корнерот на Жоан Џордан, Диего Карлос беше највисок во скокот и го матира Херера, за 0-1 за Севиља. На почетокот на вториот дел на сцена стапи искусниот Де Јонг, кој на додавање на Мунир Ел Хадади, ги постави конечните 0-2.

Во следното коло Севиља е пред голем испит, затоа што ја чека дерби со Барселона, додека Осасуна враќање на победничките патеки ќе брка на гости кај Алавес.