Ослабениот Вест Хем бара позитивен резултат за Германија

Помеѓу градските дерби дуели со Челзи и Арсенал во Премиер лигата, Вест Хем ја игра првата средба од полуфиналето на Лигата на Европа против Ајнтрахт на свој терен.

На мегдан со Германците, Дејвид Мојс ќе мора да изведе доста ослабен тим во одбраната. Шкотланѓанецот на располагање има само еден здрав стопер. Крег Доусон е единствен спремен да одговори на предизвиците на првото европско полуфинале за „чеканите“ од Лондон уште од 1976 година, бидејќи Иса Диоп и Курт Зума се приклучија на листата повредени каде што одамна е Анџело Огбона.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот Вест Хем - Ајнтрахт Франкфурт

Вест Хем зад себе има реми со Барнли дома (1-1) и пораз од Челзи на гости (0-1) со гол во последните моменти од натпреварот, а претходно во Лигата на Европа беше сјаен во двомечот со Лион. По 1-1 во Лондон, „чеканите“ славеа со 3-0 во Франција. Ајнтрахт минатиот викенд играше 2-2 со Хофенхајм во Франкфурт, претходно загуби со 0-2 од Унион во Берлин, но ја елиминира Барселона со спектакуларната поддршка на своите навивачи во Каталонија. Неверојтна партија на „Ноу Камп“ имаше двојниот стрелец Филип Костиќ.

И едните и другите во националните првенства се борат за Европа, но и сонуваат за триумф во Лига Европа, успех кој носи место во Лигата на шампионите. Прашањето за финалистот веројатно ќе се решава во Германија, од првата средба се очекува рововска битка без премногу ризици.