• Зоран Мишевски

Новиот шампион на Италија, Наполи на Лучијано Спалети одигра 2-2 (0-1) во неделното дерби од 37. коло на Серија А против Болоња. Двете екипи поделија по едно полувреме, па домаќинот се врати од 0-2 и освои бод.
- Болоња - Наполи 2-2:
Дуелот беше отворен, и покрај тоа што двете екипи играа со шаренолики состави. Посебно мотивитан беше Виктор Осимен, кој се бори за ласкавото признание - најдобар стрелец во Серија А. Нигериецот пропушти шанса на стартот од натпреварот, но по грубата грешка на Скорупски, погоди за водство во 14. минута (0-1).
И на почетокот од вториот дел најдобриот стрелец на шампионот стапи на сцена и реализира за 0-2 со прецизна дијагонала. Сепак, тимот на Тиаго Мота не се предаваше и се врати во натпреварот. Луис Фергусон и Де Силвестри погоди во централната фаза на вториот дел, па дури и Болоња играше на победа во завршницата. Сепак, дуелот заврши 2-2 и двете екипи го поделија пленот. Во шестата минута од судиското надополнување, Сансоне постигна гол за 3-2, но истиот беше поништен заради недозволена позиција.
Осимен со 25 гола сега има четири гола повеќе од Лаутаро Мартинез и веројатно ќе биде крал на стрелците во шампионатот на Италија.
- Монца - Лече 0-1:
Со голот на Лоренцо Коломбо, Лече славеше на теренот на Монца со 0-1. Попладнево играат Лацио и Кремонезе, а колото ќе го затворат Јувентус и Милан, во дуел во вечерниот терен.
Следниот викенд на програмата се натпреварите од последното 38. коло.