• Саше Љолес
Виктор Осимен дефинитивно нема намера да се врати во Наполи и неговата етапа во Италија е завршена.
Медиумите на „чизмата“ се шегуваат дека Осимен „се одјавил“ со лекарско уверение кое го оправдува неговото отсуство од почетокот на подготовките за новата сезона.
Се чека само на потписот со Галатасарај, кој за неговите услуги ќе исплати сума од 75 милиони евра, колку што изнесува и неговата откупна клаузула.
Двата клуба се во завршни преговори и останува само да се „испеглаат“ деталите околу начинот на исплатата. Се верува дека Галатарај ќе го подмири износот на три еднакви рати.
ФОТО/PHOTO: Galatasaray SK/Twitter/X
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.

