ВИДЕО: Осимен незапирлив, Нигерија лесно до четвртфинале на АКН!

Репрезентацијата на Нигерија е сигурен патник меѓу осумте најдобри на Африканскиот Куп на нации, откако славеше со убедливи 4-0 (2-0) во осминафиналниот натпревар против Мозамбик. 

  • Извештај од натпреварот:

Противникот немаше никакви шанси пред мотивираниот фаворит, кој ја запечати победата со по два гола во двете полувремиња. Виктор Осимен беше автор на два погодока, а уште по еднаш во листата на стрелците се запишаа Адемола Лукман и Акор Адамс. 

Нигеријците прикажуваат извонредна форма на континенталниот собир и засега успеваат да ја „залечат раната“ по неуспехот во квалификациите за Светското фудбалско првенство. 

Во четвртфиналето за противник ќе ја имаат подобрата селекција од дуелот помеѓу Алжир и Конго. Овој натпревар ќе се одигра на шести јануари.