ВИДЕО: Осасуна и Елче со реми ги продолжија сериите без славје во Примера

Екипите на Осасуна и Елче го поделија пленот во натпреварот од 15. коло на шпанската Примера, откако одиграа нерешени 1-1 (1-1). Пресметката на „Ел Садар“ во Памплона понуди два погодоци во првото полувреме, а потоа мрежите мируваа во продолжението. 

  • Извештај од натпреварот: 

Анте Будумир го отвори резултатот, откако во седмата минута го реализираше пеналот кој го доби, па Осасуна поведе со 1-0. Елче успеа да се врати бргу во игра. Течеше 19. минута кога Фидел погоди за 1-1 по асистенција на Тете Моренте. До полувремето немаше резултатски промени и покрај шансите. 

По паузата во два наврати се закани Елче, ама ударот на Боје заврши во стативата, а голманот го спречи Хосан. Во завршницата Осасуна ја презеде иницијативата, се обиде преку Кике Гарсија да дојде до победата, но не успеа во тоа. 

Така, двете екипи ги продолжија своите серии без победа во Примера. Осасуна нема победа во последните шест дуели, додека Елче во низата има еден натпревар повеќе. 

Состави

Jagoba Arrasate

4-4-2

    Francisco

    4-4-2