ВИДЕО: Осасуна го изненади Билбао и со песна си замина од Баскија

Фудбалерите на Атлетик Билбао го загубија домашниот дуел со Осасуна, минимално со 0-1, во рамките на 24. коло на шпанска Примера. Иако беа подобар противник, Баскијците не дојдоа до бодови, откако Оиер донесе предност во првиот дел за гостите. Во вториот дел, Атлетик Билбао беше целосно надмоќен над противникот, но немаше среќа, а во два наврати ги погодуваше и диреците.

  • Атлетик Билбао - Осасуна 0-1: 

Мирниот старт и тактичкото надмудрување го искористи најдобро Осасуна, кога во 29. минута поведе преку играчот за врска Оиер. Ситуацијата започна со лоша нафрлена топка од слободен удар и неколку одбивања, следеше интервенција на голманот Симон, но одбиената топка заврши пред искусниот играч кој ја смести во мрежата. До паузата, Ињаки Вилијамс стрелаше за израмнување, но голот не беше признат од ВАР. 

 

Атлетик Билбао во продолжението имаше целосна доминација во сите сегменти, но не успеваше да ја скрши одбраната на Осасуна. Најзрелата шанса ја имаше Венседор, кој ја погоди пречката, откако прецизно изведе слободен удар од околу 25 метри.

Во судиското надополнување Атлетик имаше две добри шанси кои не ги искористи. Прво се закани Андер Капа, кој измами одлична интервенција на Херера меѓу стативите, а во последните моменти од сребата Адуриз со глава одново ја тресеше рамката од голот.

Попладнево дуелот меѓу Леганес и Бетис заврши без голови (0-0).

  • Леганес - Бетис 0-0: