ВИДЕО: Осако го „скрши“ Иран и ја одведе Јапонија во финалето на Азискиот Куп

Фудбалската репрезентација на Иран не успеа да ја оправда фаворитската улога во првото полуфинале на Азискиот Куп и доживеаја елиминација од Јапонија, која славеше победа од убедливи 3-0 (0-0).

Избраниците на Карлос Кеироз, кои за своите партии на последниот Мундијал во Русија добија само пофални зборови, со големи амбиции ги започнаа настапите на континенталниот собир, но останаа без решение против разиграните „самураи“. 

По мирните први 45 минут,и во кои само Иран посериозно се закани преку Азмум, во вториот дел Јапонија ја презеде иницијативата и со два брзи гола го реши патникот во големото финале. Херој на мечот беше Јуја Осако, кој двапати ја затресе иранската мрежа и донесе голема радост на своите фанови. Конечните 3-0 ги постави Харагучи во 93. минута од мечот.

Противникот на Јапонија во финалето ќе биде познат утре, кога ќе се одигра второто полуфинале меѓу Катар и Обединетите Арапски Емирати.