ВИДЕО: Орсолини со страшен гол го порази Интер и го израдува Неапол!

Екипата на Болоња му нанесе голем удар на Интер и славеше со минимални 1-0 (0-0) во натпреварот од 33. коло во италијанската Серија А. Херој на домашниот тим е Рикардо Орсолини, кој со прекрасен удар го совлада Јан Зомер дури во 94. минута. 

Мечот не понуди премногу возбуда на двете страни, а тоа особено беше очигледно во првото полувреме. Во вторите 45 минути Интер се обиде да се закани во два наврати, но без особен успех во завршницата. 

  • Болоња - Интер 1-0:

Беше евидентен уморот кај „нероаѕурите“, кои играа исцрпувачки натпревар со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, па така немаа сили да се спротивстават на мотивираната Болоња и на крајот мораа да се помират со пораз.

  • Голот на Орсолини против Интер:

Овој резултат сигурно ги радува навивачите на Наполи, затоа што „партенопеите“ сега имаат ист број бодови со актуелниот првак и тука очекуваме жестока битка за шампионската титула. Болоња со овој триумф се искачи на четвртата позиција и се доближува до пласман во Лигата на шампионите, но тоа ќе мора да го завери до крајот на сезоната. 

Попладнево во Тоскана, Емполи и Венеција играа 2-2.