• Горан Упале

Првиот овосезонски гол во Лигата на шампионите падна во Загреб. Хрватскиот шампион Динамо Загреб има водство од 1-0 во пресметката со гиганот Челзи.
„Модрите“ по само 13. минути игра го „смрзнаа“ фаворизираниот протвиник, откако Мислав Оршиќ постигна прекрасен погодок во мрежата на лондончани. По неколку брзи додавања Петковиќ со глава го проигра Оршиќ, а овој претрча половина терен и го совлада Кепа, за голема радост на трибините.
Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми од првата минута го започнаа дуелот на „Максимир“.