„Орлите“ преку Осло летаат кон елитата

Александар Митровиќ

Кога Драган Стојковиќ стана селектор на Србија се промовираше како прва и најголема цел да ги одведе „орлите“ на Светското првенство во Катар, а тоа се исполни во голем стил. Кога го „чекираше“ билетот за шампионатот Пикси прогласи цел број два: прво место во Лигата на нациите и промоција во А конкуренцијата, елитата на ова натпреварување. Остана уште една средба до крајот и Србија може да ја исполни целта, но во вторник мора да ја победи Норвешка во Осло.

Сите квоти на MOZZART од натпреварите во Лигата на нации >>>

Србија веќе еднаш беше во ваква ситуација, да мора да го победи лидерот во групата на негов терен во последно коло. Тоа успеа да го изведе во Лисабон против Португалиа. Затоа триумф на „Улевал“ против Норвешка не е невозможна мисија.

Норвешна е добра селекција која ја водат две големи ѕвезди: Ерлинг Халанд, гол машината од Манчестер Сити и играчот за врска на Арсенал, Мартин Едегард. Сепак, не можат двајцата баш сè сами... Скандинавците не успеаја да се пласираат на претходното Европско првенство, а ниту на претстојниот Мундијал бидејќи останаа во групата зад Холандија и Турција. Тоа зборува дека се ранливи и дека сè уште не го достигнале потенцијалот кој го имаат, ако тој е воопшто повисок од тоа што го прикажуваат. Лигата на нациите почна во јуни, се одиграа четири натпревари во 11 деена и во така згуснат распоред Норвешка се снајде најдобро. Во првото коло ја победи Србија во Белград (1-0) во не многу интересна пресметка и тие три бода прават разлика на табелата. Затоа на „орлите“ им е потребен триумф во Осло за да го освојат првото место.

Сите квоти на MOZZART од натпреварот Норвешка - Србија >>>

Србија на истиот стадион го совлада овој ривал пред две години во баражот за Европското првенство, под команда на тумбаковиќ одиграа една од најдобрите натпревари во последните десет години, а по многуте промашени шанси славеа по продолженија со 2-1. Двата гола ги даде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој поради картони нема да игра овојпат. Тогаш момците во црвени дресови ја прекинаа долгата норвешка низа без пораз во Осло. Покажаа дека знаат и дека можат, па нема причина зошто тоа не би било така и сега.

Двата тима во различно расположение го дочекуваат мечот. Додека Србија ја прегази Шведска в саботата со 4-1 и тоа иако прва прими гол, Норвешка поведе против Словенија, а потоа загуби со 2-1. Се крена голема прашина во Скандинавија поради тој меч, бидејќи голманот Ниланд направи тежок кикс при вториот гол, а јавноста верува дека тоа е последица бидејќи нема клуб и не е во натпреварувачка форма. Затоа се бара тој да се тргне од голот и селекторот Солбакен да даде шанса на некој друг, во таква атмосфера Норвешка го чека дуелот со Србија.

Пикси не може да смета на најсилните сили, покрај Сергеј го изостави повредениот Гудељ и Миленковиќ, како и суспендираните Рајковиќ, Милинковиќ-Савиќ и Рачиќ. Србија нема избор, мора да нападне, па веруваме во победа, но и во доста голови бидејќи двата тима имаат сериозни гол-машини: домашнните Халанд, а гостите Митровиќ и Влаховиќ.