ВИДЕО: „Орлите“ од Лондон го надиграа Динамо Киев, Шеји асистент во ремито на Дрита

Фудбалерите на Кристал Палас имаа успешно деби во Конференциската лига на УЕФА. Англискиот тим кој пред стартот на сезоната се најде меѓу главните фаворити за трофејот, лигашката фаза ја започна со триумф над Динамо Киев од 0-2.  

  • Динамо Киев - Кристал Палас 0-2:

Натпреварот во Полска беше отворен во 31. минута, откако Муњоз на додавање на Пино го пронајде патот до украинската мрежа и на „орлите“ им донесе водство од 0-1. Во вториот дел Пино одново се најде во улога на асистент, а овој пат мрежата на Динамо ја затресе Нкетиа. 

Најубедлив вечерва беше тимот на Зрињски, кој пред својата публика славеше над Линколн со 5-0. Билбија, Дујмовиќ и Јаковљевиќ во првото и Дамаскан и Микиќ во вториот дел ја затресоа мрежата на гостите, а нашиот Дарко Велковски не доби шанса за настап за Зрињски и целиот натпревар го преседе на клупата за резерви. 

  • Зрињски - Линколн 5-0:

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Блертон Шеји забележа асистенција во ремито на Дрита на гостувањето кај Купс. Натпреварот во Финска заврши со 1-1, а поранешниот ас на Шкупи и Струга ТЛ асистираше во 80. минута, кога Алберт Дабикај погоди за израмнување.

Екипата на Лех немаше тешка задача против Рапид и во својот дом во Познањ извојува победа од убедливи 4-1, додека Ријека од гостувањето кај Ноах се враќа со пораз од минимални 1-0.