ВИДЕО: „Орлите“ летнаа на стартот, Србија со три бода го отвори Мундијалот

Репрезентацијата на Србија со посакувани три бода го отвори Светското првенство (СП) кое се игра во Русија и по тешка борба со 0-1 (0-0) славеше над репрезентацијата на Костарика.

Продолжува трендот на ова Светско првенство на секој натпревар да има макар по еден гол. „Орлите“ летнаа уште на стартот на Мундијалот и со еден гол во противничката мрежа ги освоија посакуваните три бода. 

Србите доминираа на оваа средба, имаа зрели шанси за гол, но Кејлор Навас беше најдобар играч на Костарика на мечот на „Самара Арена“. Александар Митровиќ пропушти неколку шанси, меѓу кои и еден зицер откако излезе еден на еден со Кејлор Навас, а исто така непрецизен во првиот дел беше и Милинковиќ-Савиќ.

На првиот гол се чекаше до 56. минута, кога Диедхиу направи прекршок, а одговорноста да го изведе слободниот удар ја презема Александар Коларов, кој со вистински „проектил“ го совлада Кејлор Навас.

До финишот на мечот Костарика се обиде да притиска, но не можеше да ја пробие добро поставената одбрана на Србија. Имаше неколку шанси северноамериканската репрезентација од далечина, но ударите беа безопасни за Стојковиќ.

Во наредното коло од Мундијалот, Србија се соочува со Швајцарија, додека Костарика оди на мегдан со фаворитот Бразил. Дуелите се играат на 22 јуни.