„Орлите“ го праќаат Халанд дома со празни раце

Србија

Новото издание на Лигата на нации за репрезентацијата на Србија започнува на 2 јуни, со услов тоа да не биде „рекреативно“ сфатено како досега, барем ако се суди според најавите на селекторот Драган Стојковиќ. Пикси едноставно гледа на „орлите“ како на тим кој има место рамо до рамо со најдобрите на континентот, па затоа е императив Србија да се бори за место во А лигата на Лигата на нации. Стојковиќ рече дека неговата селекција ќе атакува на првата позиција, па затоа е „неопходна“ победа на првите два натпревари што српската репрезентација ќе ги одигра во Белград: прво на 2 јуни со Норвешка, потоа на 5 јуни со Словенија.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Србија - Норвешка >>>

„Орлите“ својата премиера ќе ја имаат во четврток навечер на „Маракана“, а ќе им гостува Норвешка со еден од најдобрите светски напаѓачи, Ерлинг Холанд, кој следната сезона ќе игра за Манчестер Сити. Скандинавците им се познат ривал на српските фудбалери, бидејќи пред година и пол играа во баражот за Европско првенстви, кога Србија среде Осло славеше со 2-1 со головите на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Иако тогаш јавноста ги гледаше Норвежаните како фаворити, „орлите“ одиграа фантастичен меч и за вистинско чудо мечот отиде во продолженија, а според големите шанси требаше да биде најмалку три разлика за селекцијата предводена од селекторот Љубиша Тумбаковиќ. Самата репрезентација не е многу променета во однос на тој претходен меч со Норвешка, но лицето на Србија е, сегашната селекција игра со голема самодоверба, на многу атрактивен начин и на гол повеќе. И сака да ги израдува домашните навивачи кои по долго време ќе имаат можност да ја поздрават репрезентацијата од трибините.

Нoв селектор во однос на последниот меч има и Норвешка. Сега на клупата седи Стале Солбакен, кој најави дека Лигата на нации ќе ја гледа како можност за воигрување и подготовка на тимот за следните квалификации за Европското првенство. Ако се суди според имињата, Норвешка има солидна репрезентација, но нема резултати. Таа не успеа да се пласира на претходното Европско првенство, ниту пак на претстојниот Мундијал. Го освои третото место во квалификациите, зад Холандија и Турција, а пред Црна Гора, која ја победи во двата натпревари.

Србија, пак, по одличните квалификации за Мундијало, кои завршија со победа во Лисабон и директна промоција на Мундијалот, одигра пријателски натпревар со Унгарија во Будимпешта (1-0) и so Данска во Копенхаген, кој дојде во најдобар момент и заврши со пораз од 3-0. Важно е „орлите“ што поскоро да се вратат на победничката патека, така што Норвешка ќе се соочи со офанзивниот тим на Пикси од првата минута. Историјата вели дека Србија победила на дури 11 од 16 натпревари против Норвешка, со две нерешени и три порази, така што овој позитивен тренд може да продолжи в четврток на „Рајко Митиќ“.