ВИДЕО: „Орлите“ ги срушија и Јужноафриканците за 15-то полуфинале на КАН

Еден од фаворитите за освојување на Купот на Африка, Нигерија на германскиот стручњак, Гернат Рор е вториот полуфиналист на континенталниот собир во Египет. Во второто четвртфинале, „супер-орлите“ ја совладаа Јужна Африка со 2-1 (1-0) и им се приклучија на Сенегалците во финалето. 

Фудбалерот на Удинезе, Еконг ја искористи грубата грешка на јужноафриканскиот голман и на неколку минути до крајот на средбата, погоди за голема победа. Претходно, во 27. минута  Чуквуезе го отвори резултатот во полза на „зелените“, а во 51. минута со голот на Бонгани Зунгу, Јужна Африка израмни. 

  • Извештај од натпреварот: 

По елиминацијата на Камерун и ова 15-то полуфинале на Купот на Африканските нации, јавноста и бубмејкерите им даваат големи шанси на Нигеријците за освојување на трофејот.