„Орлите“ без песни на прошталниот меч пред Катар

Секаква невнимателност на трибините, секој инцидент, па и најмалиот, доаѓа со наплата за српските клубови и репрезентацијата. А, не можеме да кажеме дека тоа е незаслужено. Никако на навивачите да им дојде памет...

И затоа поради некои минати гревови сега нема кој да ја испрати репрезентацијата на Србија на пат до Катар. Поточно, може тоа да го направат само девојчиња и момчиња до 14 години од фудбалските училишта ширум Србија. Еуфоријата е на максимум, каква што не била од 2010 година. Сите веруваат во добри вести од Катар, дека „орлите“ далеку ќе дотуркаат  на Светското првенство. И наместо „Маракана“ да биде полна в сабота навечер против Шведска и да биде дополнителен ветер во грб, да се направи слика која ќе им игра пред очите кога ќе се сретнат со Бразил, Камерун и Швајцарија, од тоа нема да има ништо...

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Србија - Шведска

Србија в сабота ќе игра меч од петтото коло од Лигата на нации против Шведска, кој ќе биде последен за „орлите“ на домашен терен пред Мундијалот. Но, тоа нема да биде никаква егзибиција, тест натпревар, напротив, тимот на Драган Стојковиќ со императив победа на грбот влегува во дуелот со Скандинавците.

Пикси и пред и по настапот во Лигата на нации најавуваше дека цел е освојување на првото место во групата и промоција во А класата во Лигата на нации. Две кола пред крајот на трката Србија е на второто место со три бода помалку од Норвешка, со која ќе се сретне во последната рунда, наредниот вторник, во Осло. Според тоа, математиката кажува дека „орлите“ само со две победи ќе одат во елитната класа, таму каде што се најдобрите репрезентации во Европа.

Двата тима в сабота ќе бидат ослабени. Србија не може да смета на суспендираниот голман Предраг Рајковиќ, како и на повредените Никола Миленковиќ и Марија Настасиќ, додека кај Швеѓаните ќе ги нема Албин Екдал, Јеспер Карслон, а неизвесен е настапот на Емил Форсберг и Робин Олсен. Добра околност за Србија е тоа што Шведска нема натпреварувачки мотив, бидејќи секако не може до првото место во групата. Интересот во двете завршни кола ќе и биде да заврши над Словенија, за да не падне во Лига Ц. Но, тие за тоа меѓусебно ќе одлучуваат во последното коло во Солни.

Сите квоти во MOZZART од останатите натпревари во ЛН:

Србија и Шведска одиграа еден меч во групата, баш во Солни, каде „орлите“ славеа со 1-0 со погодокот на Лука Јовиќ. Србија го контролираше мечот до финишот кога селекцијата на „трите круни“ имаше две-три добри шанси да израмни, но не успеа. Затоа селекторот Стојковиќ предупредува дека „жолто-сините“ ќе се обидат да се одмаздат за тоа во Белград.
Формата кажува дека „орлите“ се непоразени на последните три средби, имаат две победи и реми, додека Шведска има три порази, па со самото тоа како благ аутсајдер влегува во овој меч.

На страната на српската селекција е и скорот од меѓусебните дуели: како Југославија и Србија селекцијата четиринаесет пати играла против „жолто-сините“, победи седум пати, два пати ремизира и пет пати загуби, со гол-разлика 23-19. Ако гледаме само откако Србија пишува на дресовите, тогаш скорот е две победи и пораз, со 4-2 гол-разлика. Победата би била и тоа како драгоцена, не само што би ги сочувала шансите во Норвешка „орлите“ да се борат за првото место, туку и дополнително би ја запалила и така раширената еуфорија пред Катар.