Организаторот на СП 2030 ќе убие три милиони кучиња?

Мароко ќе биде еден од организаторите на Светското првенство во 2030 година. Сепак, во Мароко имаат големи проблеми. Активистите за правата на животните предупредуваат за плановите на локалните власти. 

Тие тврдат дека Мароканците имаат намера да убијат три милиони кучиња (главно скитници) кои живеат на улиците. Додаваат дека тоа не би било евтаназија, туку буквално истребување со најлоши методи. Мароканците наводно веќе некое време труеле кучиња со храна.

По загрижувачките информации, Џејн Гудал (90), најпознатиот борец за правата на животните, се обрати до ФИФА: 

„Силно ве предупредувам дека убиствата треба да престанат, исто како што треба да го суспендирате мароканското домаќинство“.

Пет марокански градови ќе го организираат турнирот заедно со Шпанија и ПортугалијаУругвај, Аргентина и Парагвај, кои ќе бидат домаќини на еден натпревар). Дотогаш, Мароканците сакаат да го изградат најспектакуларниот стадион на светот, оној на Хасан Втори, кој ќе има капацитет од 115 илјади гледачи.