Општина Гостивар го спаси Вардар Форино, утре редовно ќе се игра дуелот со Кораб

Спас во последен час стигна за второлигашот Вардар Форино во Втората лига - Запад. Општина Гостивар го помогна клубот од 100.000 денари и со тоа Вардар Форино ќе продолжи да се натпреварува.  

Откако вчера беше најавено дека поради неисплатени плати, Вардар Форино нема да го игра денешниот дуел со Влазерими, денес клубот изнесе нови информации до јавноста. По 42 години се очекуваше целосно распуштање на клубот и можен почеток од четвртата лига. Сепак, со овие средства ќе се закрпат неколку долгови. Фудбалерите на овој клуб повеќе од три месеци не добиле примања.

Утре од 13:00 часот Вардар Форино во рамките на 13. коло го пречекува Кораб. „Црвено-црните“ од гостиварското село со само 12 бодови се наоѓаат на осмата позиција од табелата во западниот дел од ВМФЛ.