• Саше Љолес
Општина Битола објави дека во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Градот интензивно работи на подготовките за натпреварот помеѓу младинските репрезентации на Македонија и Италија, кој ќе се одигра на деветти септември.
Покрај санацијата на трибината, се поставуваат нови 4,852 седишта, како и заштита на сите челични елементи. Увид во работите денес извршија градоначалникот Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски.
Со овој проект се опфаќа санација на постоечките скали, седишта, нивно поставување, премачкување и обработка, како и заштита на челичните елементи и санација на настрешницата.
За потсетување, нашите надежи ќе ја пречекаат силната Италија во рамки на квалификациите за Европското првенство. Покрај нас и Италијанците, во групата се уште селекциите на Црна Гора, Полска, Шведска и Ерменија.



