ВИДЕО: Општа тепачка во Зеница, помошникот на Баждаревиќ му скрши ДВА ЗАБА на грчки фудбалер!

По завршувањето на натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Русија, помеѓу БиХ и Грција во Зеница, дојде до физички дуел меѓу клупските другари од Рома, Џеко и Манолас.

По нивните вербални натегања дојде до општа тепачка во која најдебелиот крај го извлече Јанис Јаноитас кој загуби два заба по ударот со тупаница на помошникот на Мехмед Баждаревиќ, Стефан Жил. Погледнете го хаосот на „Бијено поље“:

Натпреварот заврши без голови, а и на првиот натпревар во Атина имаше немили сцени во последните минути од натпреварот.