ВИДЕО: Општ хаос во Србија - играчи, тренери и помошници во клинч

Фудбалерите на Раднички во Ниш вчера славеа триумф над Пролетер во четвртото коло на српската Линг-лонг Суперлига од 2-0.

Сепак, голема сенка на мечот и резултатот фрлија случувањата од полувремето, кога вербалната пресметка со судиите стана и физичка меѓу екипите. Тупаници, клоци и многу туркање беше епилогот кога во клинч влетаа играчите, тренерите и стручните штабови. 

  • Видео од мешаницата: 

Судијата имаше многу тешка задача, па учесниците минаа без казни бидејќи не можеше да се одреди кој почнал, а кој ја завршил пресметката на теренот. Потоа во вториот дел играчите на Раднички со два гола дојдоа до домашни бодови против ривалот.