• Саше Љолес
Вечното дерби помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос како и секогаш, не можеше да мине без инциденти. Мечот се играше во прилично тензична атмосфера, а ситуацијата ескалираше на почетокот од второто полувреме.
Навивачите на Олимпијакос приредија вистински пекол во Атина, а прекинот дојде во 50. минута, кога играчот на ПАО, Хуан Перез или попознат како Хуанкар, беше погоден со петарда, а уште неколку експлодираа веднаш покрај него. Масовната пиротехника предизвика густ чад, а фудбалерите на двете екипи беа приморани да се повлечат во соблекувалните.
Match arrêté entre l'Olympiakos et le Panathinaïkos. Alors qu'il s'échauffait, Juankar (Panathinaïkos) a visiblement été touché par un pétard ou a reçu quelque chose. Resté au sol, il a été évacué sur civière et les joueurs du Panathinaïkos sont rentrés aux vestiaires. pic.twitter.com/xDW4D2kgM5
— Football Grec France (@footgrec) October 22, 2023
На играчот веднаш му беше укажана лекарска помош, а натпреварот е сѐ уште во прекин и не се знае дали ќе се доигра вечерва. Олимпијакос и Панатинаикос го играа натпреварот од осмото коло во грчката Суперлига, а резултатот во моментот на прекинот беше 1-1.