Општ хаос по крајот во Монако: Се тепаа како да се од „селска лига“! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лион дојдоа до херојска победа над Монако (2-3), а по мечот се случија немили сцени какви што не треба да има на фудбалските терени.

Кога судијата означи крај, гостите почнаа да слават. Ама очигледно имало тензија за време на натпреварот меѓу играчите. Двете групи се судрија, си разменија удари, а за среќа, целиот скандал траеше неколку секунди.

  • Општиот хаос по натпреварот Монако - Лион:

Судијата имаше доста работа, па подели три црвени картони за овој инцидент кој не доликува на една од „топ пет“ лигите во Европа, туку на некоја ниска лига - санкции добија Де Шиљо кај Лион и Гебелс и Пелегри кај Монако.