• Зоран Мишевски

Француската фудбалска репрезентација се пласира во полуфиналето на Олимписките игри, откако во четвртфиналето во Бордо ја совлада Аргентина со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Жан-Филип Матета во петтата минута.
Сепак, по завршувањето на натпреварот настана општ хаос меѓу актерите. Очигледно имаше многу провокации и префрлања, по кои дојде до физички дуел и натегања меѓу голем број фудбалери. Потоа инцидентите се префрлија во соблекувалната.
- Инцидентите по натпреварот Франција - Аргентина:
Франција во полуфиналето, закажано за петти август, ќе игра против Египет. Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Мароко.