• Горан Упале

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски пружи одлични партии во дресот на новиот клуб. Абердин забележа нова победа во шкотската елита, откако со 0-1 славеше на гостувањето кај Сент Џонсон.
Миовски одново беше стартер за Абердин и на самиот старт на натпреварот пак ги покажа своите голгетерски способности, погодувајќи со глава од пеналтикот. Но, линискиот судија сметаше дека се наоѓа во недозволена офсајд ситуација и го подигна знаменцето, што значи атрактивниот погодок беше поништен.
- Поништениот гол на Миовски за Абердин:
23-годишниот напаѓач за четири одиграни натпревари во дресот на новиот клуб во Премиер лигата има постигнато три гола, а Абердин има скор од две победи и два порази.