ВИДЕО: Опенда херој на Лајпциг, Баер загуби по 462 дена во Бундеслигата!

Фудбалерите на Баер Леверкузен претрпеа прв пораз во Бундеслигата по пауза од 462 дена, односно по 27 мај минатата година. „Фармацевтите“ дома беа поразени од РБ Лајпциг во голеада со 2-3 (2-1). 

  • Извештај од натпреварот:

Голови на „БајАрена“ немаше до пред крајот на полувремето. Тогаш Џереми Фримпонг и Алекс Грималдо стрелаа во гостинската мрежа и донесоа предност од 2-0 на Баер. Во седмата дополнителна минута на првиот дел Кевин Кампл го врати гостинот во игра (2-1). 

На стартот на продолжението Лукеба имаше поништен погодок, а потоа Луис Опенда донесе израмнување (2-2) во 57. минута. Следеше период на доста измени, пред Лајпциг да го комплетира пресвртот. Опенда погоди за 2-3 на десет минути пред крајот. 

„Биковите“ успеаја да запишат втора победа оваа сезона во Серија А, додека Леверкузен е со половичен ефект. 

Состави

Чаби Алонсо

3-4-2-1

    Марко Розе

    3-4-1-2