• Иван Димовски

Фудбалерите на Силекс го освоија четвртиот пехар во Купот на Македонија, откако славеа во финалето против Шкендија со 1-0.
Честитки до новиот освојувач на Купот испрати и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Покрај тоа, им посака среќа и во европските натпревари ова лето на кратовци.
„Искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на ФК Силекс за освојувањето на Купот на Македонија. Во одлично организиран натпревар, со фер услови и одлично судење, Силекс заслужено го освои трофејот. Им посакувам многу успех и достојно претставување на македонскиот фудбал на европски натпревари во Лигата на конференции на УЕФА“, напиша првиот човек на мак-фудбалот.
Во својата историја Силекс го освојуваше Купот на Македонија во 1994, 1997 и 2021 година.

