• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Ердон Даци е на чекор до трансфер во албанскиот великан Тирана, пренесуваат медиумите од Албанија.
Според информациите, 27-годишниот фудбалер од Скопје е блиску до договор со „бело-сините“ и би можел да биде едно од најзначајните засилувања на клубот во летниот преоден рок.
Даци зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во шампионатите на Турција, Белгија и Казахстан. Во текот на кариерата беше дел од екипите на Коњаспор и Вестерло, а за сениорската репрезентација на Македонија дебитираше со погодок на пријателскиот натпревар против Ерменија.
Напаѓачот во Тирана би пристигнал како слободен агент, но по период без клуб заради повреда, а спортскиот директор Омер Буњаку кој во минатото работеше во тимот на Шкупи кога чаирчани беа шампиони веќе ги интензивирал преговорите за негов ангажман.

