• Иван Димовски
Еден од најдобрите фудбалери на Шпанија на Европското првенство без сомнеж беше Дани Олмо. Човекот кој во првите две рунди на шампионатот беше резервист влезе во тимот во третото коло и оттогаш стана незаменлив.
Олмо беше човекот кој ја водеше Шпанија со три погодоци и две асистенции, а стана апсолутен херој и во финалето. Иако немаше погодок или проигрување за гол, Дани Олмо ја спаси својата земја од примен гол во 90 минута. Англичаните имаа корнер и двојна шанса, први биеше Рајс и изнуди одбрана на Симон, а одбиената топка дојде до Гуеи.
Тој биеше добро со глава, но Олмо од гол линијата ја спаси Шпанија од израмнување, осигурувајќи ја титулата.