Олмо доби деби-повик, големиот Касорла повторно ќе го облече дресот на Шпанија! 

Големата фудбалска надеж на Динамо Загреб, Дани Олмо, игра во фантастична форма оваа сезона, а со своите одлични игри во Лигата на шампионите го принуди Роберто Морено да го повика за претстојните два завршни натпревари на Шпанија во евро-квалификациите. 

Привремениот шпански селектор повика 23-ца фудбалери за натпреварите против Малта и Романија, а интересно е тоа што Олмо е единствениот од нив што нема одиграно ниту еден натпревар во Примера. Во составот на Морено изостануваат неколку звучни имиња, а во селекцијата по подолго време се враќа ветеранот Санти Касорла, кој игра одлично во дресот на Виљареал.

  • Составот на Шпанија: 

Поранешниот европски и светски шампион последниот квалификациски циклус за ЕУРО 2020 ќе ги отвори со дуел со Малта на 15 ноември, а три дена подоцна ќе се сретне со Романија. 

Европско првенство, Квалификации, Група F
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШпанијаШпанија 10 8 2 0 31:5 26 26
2 ШведскаШведска 10 6 3 1 23:9 14 21
3 НорвешкаНорвешка 1 10 4 5 1 19:11 8 17
4 РоманијаРоманија 1 10 4 2 4 17:15 2 14
5 Фарски ОстровиФарски Острови 10 1 0 9 4:30 -26 3
6 МалтаМалта 10 1 0 9 3:27 -24 3