Оливер Пеев се врати во Борец

Борец од Велес продолжува да го формира ростерот за следната сезона и го врати искусниот Оливер Пеев.

33-годишникот се враќа во мак-фудбалот откако шест месеци играше во Грција каде го носеше дресот на Каламата. Претходната сезона тој настапуваше за Борец, тим кој обезбеди опстанок во ПМФЛ поради прекинот.

Пеев исто така во кариерата настапуваше и за Работнички, Пелистер, Металург, Шкендија, Тетекс и Вардар во ПМФЛ, како и уште неколку грчки клубови.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.