Оливер Кан се враќа „дома“, ќе ги замени Хенес и Румениге во Баерн Минхен! 

Оливер Кан, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалската игра, се враќа во тимот каде ја мина речиси цела своја кариера. Легендарниот чувар на мрежата од 2022 година ќе застане на претседателското и директорското столче на Баерн Минхен, потврдуваат од германскиот гигант. 

Моменталниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес како и извршниот директор Карл-Хајнц Румениге по 31 декември 2021 година заминуваат во пензаија и местото ќе му го отстапат на легендарниот чувар на мрежата. 

„Горд сум што ќе имам така висока функција во мојот клуб“, рече 50-годишниот Кан. 

Популарниот „титан“ својата кариера ја започна во Карсрлуе, а од 1994 до 2008 година ги бранеше боите на Баерн Минхен, каде освои осум шампионски титули во Бундеслигата и една од Лигата на шампионите.