Оливер Кан го плаќа цехот доколку Баерн не ја одбрани титулата

Легендарниот германски голман и генерален директор на Баерн Минхен, Оливер Кан моментално не е најомилениот лик во Минхен.

Како што пренесуваат германските медиуми, лесно може да се случи денешниот натпревар против Келн да биде последен за Оливер Кан како генерален директор на германскиот гигант.

Сè повеќе се навестува дека еден од најдобрите светски голмани ќе биде разрешен од должноста на состанокот на надзорниот одбор на клубот во вторник. Особено ако Баварците не ја одбранат титулата во Бундеслигата.

Во последното коло Баерн гостува во Келн и има два бода помалку од Борусија која во Дортмунд го пречекува тимот на Мајнц 05.