Оливер Кан го наследи Румениге на позицијата прв човек на Баерн!

Карл Хаjнц Румениге си поднесе оставка на позицијата извршен директор на Баерн Минхен. 

Клубот преку официјално соопштение ги потврди најавите и го промовира легендарниот голман Оливер Кан во нов прв човек на Баерн. Кан веќе работеше во тимот на Румениге кој му беше еден вид на ментор, а сега дојде време да го наследи. 

Првата работа која Кан ја заврши беше доведувањето на Јулијан Нагелсман, кој е негова идеја. Од први јули Кан ќе ја презеде работата на Румениге во целост, а легендата нема да остане во клупските структури. Румениге ќе ја продолжи работата во фудбалот во структурите на УЕФА.