Оливер Гласнер официјално е нов тренер на Кристал Палас

Оливер Гласнер е официјално нов тренер на премиерлигашот Кристал Палас. Откако беше објавено дека Рој Хоџсон дефинитивно го напушта клубот, управата реагираше експресно и го доведе тренерот кој имаше огромен успех во Германија и со Ајнтрахт Франкфурт триумфираше во Лига Европа. 

Претходно во кариерата Гласнер беше предводник на Ред Бул Салзбург и Волфсбург, а неговите почетоци се во родната Австрија, каде беше тренер на ЛАСК Линц и СВ Риед.

За 49-годишниот Гласнер ова ќе биде прв предизвик во најсилната лига на светот и ќе се обиде да го поправи пласманот на Кристал Палас, кој во моментов е на 16. позиција на табелата, со вкупноо 24 освоени бодови.