• Саше Љолес

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, потврди дека германскиот шампион нема намера да доведува нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок.
Еберл истакна дека тимот е комплетиран на сите позиции, а доколку се појави потреба од дополнителни решенија, клубот ќе им даде шанса на играчите од сопствената академија.
„Со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ го завршивме нашиот летен преоден рок. Работата ја завршивме навреме и нема да носиме нови играчи“, изјави Еберл.
Баерн ова лето потроши вкупно 100 милиони евра, откако за Браун и Саибари издвои по 50 милиони евра.
Кога станува збор за можните заминувања, од клубот јасно порачаа дека Луис Диаз и Мајкл Олисе не се на продажба и ќе останат дел од тимот и во новата сезона.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
